Ниту задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија, кој ќе се применува од задутре, ниту рестриктивни мерки не ги спречија граѓаните на Балканот да не патуваат овој предпразничен викенд.
Од надзорните камери на граничните премини кон Србија се забележуваат колони автомобили кои чекаат да ги поминат границите. Гужвите се регистрирани и на граничните премини меѓу Унгарија – Србија, како и Хрватска – Србија. Но, според хрватските медиуми најдолго се чека на граничните премини од Словенија кон Хрватска, дури до 15 часа. Сообраќајот е зголемен на сите поважни патишта и гранични премини, каде поради актуелните контроли има повеќечасовни чекања.