Вести Македонија Топ вести

ДИК: Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми

Сите гласачки места во казнено поправните установи за предврмените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми, соопшти Државната изборна комисија.

На гласачките места во  казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип и еден гласач од општина Пласница.

-Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 глсачи  во оптина Штип и 76 гласачи во општина Пласница. Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип, информираат од ДИК.

Најавуваат информации за денешното гласање најдоцна до 19:30 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Mirjana Joveska

Kој ја запали новата „искра“ на релација Скопје-Софија? – сред бел ден опожарени две возила на бугарската амбасада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе