Македонија

Намален интерес за гласање на старите и изнемоштени лица и изолираните заради Ковид-19 во Штип

Во споредба со предвремените парламентарни избори, кои се одржаа пред пет месеци на овие избори во Штип преполовен е и бројот на старите и изнемоштени лица кои ќе гласаат во сабота.

Во своите домови правото на глас ќе го остварат 66 лица.

Минимален е интересот за остварување на правото на глас на предвремените избори за градоначалник од страна на ковид болните и лицата кои се во изолација.

Во петок во Штип ќе гласаат само 12 ковид инфицирани и изолирани, а бројката на активни случаи е над 500, додека во изолација се околу  1.000. Наместо пет лекарски избирачки одбори, ковид болните ќе ги посетат две екипи.

Низ затворите во земјава ќе гласаат и 67 осуденици, кои се од Штип. Изборната кампањата на петмината кандидатите за градоначалник е на самиот финиш, остануваат уште два дена да ги презентираат своите програми.

Колкав е бројот на гласачи на овие избори за градоначалник ќе се знае утре или задутре, кога пристигнува доверливиот материјал.

На 13 декември 77-те избирачки места ќе се отворат во 7, а ќе се затворат во 19 часот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

Уапсена е мајката која го тепаше и остави на асфалт своето три месечно бебе

Kristina Kuzmanovski

Измерени 1,93 промили кај моторџија, остана без мотор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе