Македонија Топ вести

Двајца здравствени работници почина денеска од Ковид – 19

Медицинска сестра од од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19.

Како што информираат од Министерството за здравство 55-годишната жена во тешка здравствена состојба била донесена на болница, а предходно подолг период била на боледување. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола. 

На социјалните мрежи пораки со сочувство си споделуваат жителите на Крушево, по информацијата од Здравствениот дом Крушево дека починал матичниот лекар Вангел Трајчулески, познат како Луше.

Бројот на здравствените работници кои ја губат битката со корона вирусот постојано расте, во октомври почина штипскиот хирург, Ѓорѓи Денков, а предходно познатиот кумановски хирург Драган Тасевски, кој имаше 60 години.

Прва жртва на коронавирусот беше 58-годишна медицинска сестра од Берово, која почина во август годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе