Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието.
Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и безбедносните експерти, со цел размена на идеи и унапредување на регионалната соработка.
Во рамки на форуимот ќе се одржат три панели. На првиот, посветен на „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот.
Вториот панел е посветен на „Судирот на големите сили на периферијата на Европа“.
Третиот панел е на тема „Отпорност, поликризи и хибридни закани“.
