Македонија

Макрадули нов член на управен одбор на Пошта, Деспотовски повеќе не е директор на Фондот за иновации

Јани Макрадули ќе биде член на управниот одбор на Пошта. Владата на денешната седница одлучи да му препорача на надзорниот одбор на Пошта, да го избере Макрадули за член на управниот одбор на претпријатието. Макрадули последно беше заменик-министер за екологија. Иљми Селами е именуван за в.д. Заменик на директорот во Заводот за статистика. Владата го разреши Јован Деспотовски од директорското место на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој е разрешен на негово барање, а прифатена е и оставката на Александар Младеновски од местото директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – членови на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“ на средба на Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе