Вести Македонија

Вработен во битолски „Сју Рајдер“ го донел вирусот, заразил 12 штитеници

Центарот за јавно здравје започна комплетен скрининг во геријатриската установа „Сју Рајдер„ во Битола, каде коронавирусот е потврден кај 12 пацинети. Можно е бројката на заболени да е уште поголема, но колку штитенци  се позитивни ќе покаже скринингот кој веќе  го спроведуваат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Битола.  Ќе бидат тестирани и вработените, засега 4 од нив се во домашна изолација, затоа што пројавиле симптоми на вирусот.

-Во хосписот се сместени 61 пациент од кои 12 се позитивни, но имам и други кои што се со лесни симптоми. Веќе се изолирани во псоебни зони, црвена зона, жолта зона, односно по сите прописи. Посебен персонал се грижи за позитивните и суспектните пациенти, вели Елизабета Крстевска, директор на Центарот за јавно здравје во Битола.

Поголемиот дел од пациентите во геријатриската установа „Сју Рајдер“ во Битола, се неподвижни. Уште на почетокот на пандемијата, со мерките кои ги препорача Министерството за здравство,  влезот во  „Сју Рајдер“ во Битола е забранет за сите надворешни лица, а немаат пристап ниту членовите на потесните семејтства на пациентите., па неизвесно е како вирусот влегол во хосписот.

-Според првите претпоставки, кои ќе видиме дали ќе се потврдат, најверојтано е некој од вработените. Пациентите се неподвижни, нема посета, па најверојатно е некој од вработените. Тоа е претпоставка ќе видием дали ќе се потврди, вели Крстевска.

Вирусот најпрво е потврден кај двајца пациенти во хосписот во петокот. Кај нив е направено тестирање откако пројавиле лесни симптоми, односно покачена температура. За време на викендот позитивни биле уште 10 штитеници. Скринингот треба да покаже колку вкупно заболени има вво геријатриската установа Сју Рајдер во Битола.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе