Вести Македонија

Новиот газда на „Македонски пошти“ пак ќе добие монопол

Новиот газда на Македонски пошти, било сам или во партнерство со државата пак ќе добие монопол. Владата пак ја одложува либерализацијата на поштенскиот пазар во земјава за две години – до крајот на 2022 година. Предлогот за измени во Законот за поштенски услуги веќе е во Собранието. Дали со ова наместо државен ќе добиеме приватен монопол во поштенските услуги?

Министерот за економија Бектеши вели, бидејќи ќе се прави физибилити студија и ќе се разговара за моделот на приватизирање, затоа била одложена и  либерализацијата на поштенскиот пазар во земјава. Според министерот  буџетот мора да се ослободи од државните загубари меѓу кои е Македонски пошти.

Откако ќе имаме физибилити студија и наодите кои што ќе ги има во таа физибилити студија секако ќе седнеме, ќе разгледаме и ќе донесеме соодветна одлука. Секако дека треба да имаме во предвид дека сите АД, ЈП кои работат во загуба ние треба да најдеме модели кои што се современи и со последните модели кои што се искористуваат и преку јавно-приватно партнерство кое денеска го правиме и со Обединетото кралство и со Светската Банка се со цел тие да ги подобрат и услугите но истовремено да немаат и негативен импакт што се однесува до нашиот буџет. – вели Бектеши.

Нелиберализираниот поштенски пазар беше и една од забелешките на Европската унија во извештаите за напредокот на земјава. Се бараше итнa либерализација.

Во нашиот извештај за 2020-та година, ние навистина регистриравме дека отворањето на поштенскиот пазар беше повторно одложено, ограничувајќи го обезбедувањето квалитетни услуги на граѓаните и бизнисите. Ние препорачуваме Северна Македонија да продолжи да го усогласува своето законодавство со европското и да ја заврши либерализацијата на поштенскиот пазар, изјави за Телма, Зои Мулетие, од прес службата за добрососедство и проширување на ЕК

Но  сите влади низ годините на хартија го либерализираа пазарот, за во последен момент да ja одложат за некоја година.

Од Антимонополската управа немаа коментар за тоа што се предлага Пошти и наредните две години да остане монопол.

Националната пошта со години генерира загуби и покрај тоа што има милионски зделки по привилегирани цени за разлика од 39те приватни оператори. Годинава состојбата е најкритична, бидејќи по пропаста на Еуростандард банка остана и без приходите од платниот промет, а поради пандемијата има и пад на  приходите, особено во меѓународниот сообраќај.

Инаку Пошта со години е прибежиште на кадри на ДУИ, кои со неа директоруваа цели 16 години. Во тој период се случи грабеж и голем пожар во главната пошата во Скопје, но епилог на овa се уште нема.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе