Вести Македонија Најважни

Македонскиот јазик – македонската црвена линија во разговорите со Бугарија

Стартот на преговорите со ЕУ ќе биде заеднички успех или неуспех, евентуалната блокада од Бугарија е политичка инвестиција во креирање анимозитет а јазикот е нашата црвена линија и тука нема отстапки. Ова се ставовите на вицепремиерот Никола Димитров кој даде свое видување и оценка на моменталната ситуацијата и односи со Бугарија и најавите за вето.

Во моментот се прават дипломатски напори за да се најде излез од оваа ситуација бидејќи роковите течат. Димитров се повика и на Договорот за доборососедство, нагласи дека никој не може да го оспори правото на самоопределување и доколку официјална Софија остане на ставот дека јазикот е пречка тогаш нема да може да се гради пријателство меѓу државите.

Димитров соопшти дека комуникацијата со членките на ЕУ е интензивна и секојдневна, и дека се презентирани се ставовите и позициите на Македонија во поглед на новотврените прашања со Бугарија.

И поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во мисија за релаксирање на односите со Бугарија. Најави дека ќе оди во Софија каде ќе има неколку обраќања и гостувања на емисии со цел како што кажа да разбие одредени тези во бугарската јавност.

Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ пак побара лидерска средба поради заладувањето на односите со Бугарија и ризикот од можно вето.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера испрати кристално јасна порака бугарските историчари да го бранат националниот интерес и дека нема компромиси кога станува збор за историјата, идентитетот, јазикот и барањето за национални малцинства, со што ги потврди веќе познатите ставови на официјална Софија.

Историската Комисија вчера го заврши дводневниот состанок без договор околу Гоце Делчев но со извесен напредок како што соопштија претседателите Ѓорѓиев и Димитров. Идентитетот на Делчев останува камен на сопнување откако бугарските историчари побараа тој да биде заведен во учебниците како Бугар. Нови идеи и предлози се на маса кога станува збор за Делчев кажаа од комисијата и побараа од политичарите да го намалат притисокот врз нив кој дополнително ја отежнува нивната и онака тешка работа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе