Вести Македонија Најважни

Над 100 наставници и ученици позитивни на корона

Наставник по физичко од основното Димитар Миладинов во Центар е позитивен на корона . Се тестирал откако во саботата појавил симптоми на корона. Во петокот бил на работа и држел часови , но од училиштето за Телма велат дека се почитувале мерките и протоколите.

Дека е позитивен дознал вчера, кога стигнале резултатите од тестирањето. ЦЈЗ бил веднаш известен , но денеска откако завршила наставата во училиштето од центарот го известиле училиштето да им јави на родителите дека децата кои имаче час по физичко минатата недела одат во самоизолација.

Две недели тие ќе учат он –лајн.  Наставниците сепак , вчера по смс и на социјалните мрежи ги известиле родителите дека има наставник заболен од корона. Па затоа , денеска имало родители кои не ги донеле своите деца на школо.  Од центарот за јавно здравје Скопје велат дека со оглед на епидемиолошката ситуација во земјава сите деца , каде што има заболени наставници и персонал по училиштата , ги испраќаат на 14 дневна изолација.

Инаку во основните училипшта во центар има 6 позитивни наставници двајца основци. Неколку одделенија се во изолација.  Денеска има и потврден случај вирусот во школо во Карпош. Наставничка по англиски од „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивнана ковид.. Од општината за Телма веллат  дека таа им предавала на второоделеници, но и дека никој од нив не е во изоалција . Наставничата од средата се изолирала а  веќе наредниот ден резулатот од земениот брис е позитивен.

И нејзина колешка , просветна работничка од Кавадарци испрати 14 првачиња во изолација .Инаку , секое утро училиштата во Македонија имаат задача да потполнат прашалник за ситуацијата со корона вирусот , дали има сомнителни слуачи, позитивни или наставници и ученици кои треба да одат во самоизолација.

Потполнетата „Гугл форма“  ја испраќаат до МОН. Досега , според статистиките на министерството над 100 ученици и наставници се позитивни на вирусот – 42 ученици и 65 наставници во земјава.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Дејан Дејан

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе