Македонија

Најавените обилни врнежи од дожд можно е да ги зголемат водостоите на реките, предупредуваат од УХМР

Поради обилните врнежи од дожд во некои места, можно е зголемување на водостоите на реките, особено на тие во крајните западни и крајните источни делови од земјата, информираат од Секторот за хидрологија при УХМР.

Од УХМР посочуваат дека во текот на попладневните часови и особено во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат поинтензивни, над 30 л/м2 за 24 часа, придружувани со грмежи и засилен ветер. Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град, а на некои места локално да има и обилни врнежи од дожд. Водостоите на реките низ земјава се ниски и со подпросечни вредности за овој период од годината и имаат капацитет да примат поголеми количини на врнежи.

Но, и покрај тоа, најавените врнежи на некои места се очекува да бидат доста обилни така што можно е поголемо зголемување на водостоите на реките, особено на оние во крајните западни и крајните источни делови од земјата. Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот и локално излевање на малите реки и суводолиците, чии што мали сливови не би имале доволно голем капацитет да примат вакви евентуални поголеми количини на дожд, се наведува во соопштението од УХМР.

Кај малите реки и суводолиците со стрмни падови при интензивни врнежи, како што посочуваат, можна е појава на ерозивни процеси при што би дошло до брзо слевање на водата во низводните делови при тоа собирајќи со себе дрва, гранки, камења и друг носечки материјал.

Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град поради неможноста за впивање и одведување на водата во мал временски интервал како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можна е појава на акумулирање и течење на водата по градските улици и подвозниците, потенцираат од УХМР.

Од таму препорачуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде во текот денешниот (ноќта) и утрешниот ден се очекуваат поголеми количини на дожд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Викендов почнува летното сметање на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе