Свет Топ вести

Коронавирусот на одредени површини преживува и до 28 дена

Коронавирусот кој ја предизвикува болеста Ковид -19 и е присутен на подлогите како банкноти, телефонските екрани и нерѓосувачки челик може да го задржи својството да предизвикува инфекции цели 28 денови.
Резултатите од истражувањето спроведено од австралиската национална агенција за наука сугерираат дека вирусот Сарс Ков -2 може да преживее на различни многу подолго отколку што претходно се претпоставуваше.


Вирусот најчесто се пренесува кога луѓето кашлаат, киваат или разговараат.
Но, експертите тврдат дека исто така може да се пренесе и преку воздушните честички и површините како металот и пластиката.
Претходните студии утврдија дека корона вирусот останува активен 2 или 3 дена на банкнотите или стаклото и до 6 денови на пластиката или нерѓосувачкиот челик.
Сепак, последната анализа на австралиските научници докажала дека вирусот е екстремно издржлив и бил активен 28 дена на мазните површини, како екраните на мобилните телефони, пластичните и хартиени банкноти, кои се чуваат на температура од околу 20 степени целзиусови, односно просечна собна температура.
Како споредба, вирусот на грип при истите услови преживува само 17 дена.
Експериментите биле изведени во темница, бидејќи веќе е докажано дека У-ВЕ зраците го убиваат вирусот.


Студијата утврдила дека вирусот преживува многу пократок временски период на повисоки температури и престанал да биде инфективен за 24 часа на температура од 40 степени на некои површини.
Авторите на студијата оценуваат дека преживувањето на САРС Ков 2 на нерѓосувачки челик на пониски температури е главната причина и за епидемиите во фабриките за процесирање месо и кланиците ширум светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Ердоган: Протестите во Турција предизвикуваат значителни економски последици

Дејан Дејан

САД внимателно ја следат ситуацијата во Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе