Македонија Најважни

Приведени 4 лица по нападот на дрвокрадците против 5 полицајци во Велешко

На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети, соопшти МВР.

Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје,а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.

Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Еве што изјави за Телма доктор Весна Николовска, која вчера ги прими во велешката болница претепаните полицајци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши ја повика опозицијата да гласа за Законот за правична застапеност

Tea Dimkovska

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе