Вести Македонија Најважни

Зоран Заев: 20.000 денари минимална плата до крај на идниот мандат

Мала, ефикасна и одговорна влада вака ја  опиша мандаторот Зоран Заев им ја наговести програмата на идната влада на пратениците очекувајќи да ја потврди со најмалку 62 гласа ЗА. Фокусот е економскиот раст и развој, една милијарда инвестиции, 260 килиметри автопати, а владата одново на дневен ред ќе го врати прогресивниот данок кој не успеа да заживее во претходниот мандат. За граѓаните повисока минимална и просечна и едноцифрен процент на невработеност, но прво победа над пандемијата порача Заев од собрансиката говорница.,

Нема да мирува ниту админитрацијата, која според најавите на Заев ќе се крати за 20 отсто, со предвремено пензионирање и спојување на надлежностите, а Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Згаснатото СЈО одново ќе оживее преку предметите кои ќе добијат разрешница вети Заев, а експозето го продолжи со евроинтеграциските обврски на земјата.

Програмата ќе треба да ја спроведе формацијата од 11 министерски место од СДСМ, едно од партијата Беса и 6 на коалициониот партнер ДУИ. Искусен кадар кој ќе одговара ако ги прекрши законите им порача Заев пред да го прекине собранискиот спикер за пречекорување на времето за експозе.

Новата влада ќе треба да го реализра и деценски стариот план за нов клинички центар. На лекарите им вети десет отсто зголемување на платите секоја година од мандатот, а на граѓаните им порача дека многу од ветувњата ќе се сиполнуваат откако ќе заврши пандемијата со корона вирусот, ситуација која посред Заев ќе се влошува ов наредните месеци.

 

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 6.6.2026

meteo

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе