Свет

Доналд Трамп предупреди дека Џо Бајден ќе го уништи “американскиот сон” на крајот на републиканската конвенција

Со огномет во главниот град на соединетите држави кој ги испиша зборовите Трамп и 2020-та, но и оперска арија која американскиот лидер и негово семејство внимателно ја следеа пред белата куќа, заврши републиканската претседателска конвенција.

Визуелниот и аудио спектакл еуфорично го поздравија верните подржувачи на Трамп, откако претходно го следеа неговиот говор, кој помина во поинаква атмосфера, каде најголем дел од времето, тој зборуваше за тоа какви ужаси ги очекуваат соединетите држави, доколку неговиот противник, кандидатот на демократите Џо Бајден, победи на изборите во ноември.

Бајден ќе го уништи американскиот сон и големината на нашата нација ако ја освои Белата Куќа, ги предупреди своите сограѓани Доналд Трамп.

“Ние ги поминавме минатите 4 години, поправајќи ја штетата која Џо Бајден ја предизвика во минатите 47 години. Неговото резиме е срамен приказ за најкатастрофалните предавства и грешки во нашиот живот. Целата кариера тој ја помина на погрешната страна од историјата. Гласаше за војната во Ирак. Беше против мисијата за убиство на Осама бин Ладен. Беше против убиството на Сулејмани” – изјави Трамп.

Доколку победат демократите, на улиците на американските градови ќе има илјадници насилни анархисти, продолжи Трамп, додавајќи дека гласачите ќе определат дали САД ќе продолжат да бидат најголемата и најдобра нација на земјата или ќе дозволат социјалистичката агенда да ја уништи нивната иднина.

Во однос на протестите во Соединетите држави предизвикани од убиствата на афро-американците од страна на полицијата, Трамп оцени дека сите оние кои ќе пречекориле овластувањата ќе бидат казнети , но веднаш додаде дека демократите дозволуваат да се шири хаосот во големите градови, ветувајќи дека тој ќе воведе ред и мир. 

“Никогаш нема да дозволиме владеење на толпата. На најостар можен начин, Републиканската партија ги осудува безредијата, грабежите, палењата и насилството кое го гледаме во градовите кои ги контролираат демократите, како Кеноша, Минеаполис, Портланд, Чикаго и Њу Јорк и многу други, сите водени од демократите. Има насилство и опасност на улиците на многу американски градови кои ги водат демократите” – посочи Трамп.

Трамп оцени и дека САД најдобро се справиле со пандемијата коронавирус и покрај тоа што сите статистики покажуваат дека имаа најголем број случаи и човечки жртви а Ковид -19 и натаму забрзано се шири во повеќе сојузни држави. Крајот на републиканската конвценција го означува и 10- неделниот финиш на предизборниот период до денот на изборите а сите очекувања се дека предизборните кампања ќе биде една од најцрните и највалканите во историјата на Соединетите држави.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потребни им се подобри „валкани“ трикови, порача Маск по обвинувањата дека употребил нацистички поздрав на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Путин да ја запре војната во Украина, во спротивно американската енергетска моќ ќе ја банкротира Русија, вели шефот на транзицискиот тим на новиот претседател

Дејан Дејан

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе