Македонија

Брнз: Од новата влада очекувам продолжување на соработката на евроатлантскиот пат

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз очекува да продолжи соработката со новата влада штом ќе биде формирана во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од Ковид 19 која претставува глобален предизвик.

Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка  меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик, изјави Брнз.

Амбасадорката Брнз изјавата ја даде по посетата на лабораториите на Институтот за јавно здравје каде беше придржувана од министерот за здравство, Венко Филипче.

Реновирањето на лабораториите е овозможено со проект на Европската команда на САД, вреден 550.000  долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Баран со меѓународна потерница од Австрија, „падна“ во Тирана – уапсен македонски државјанин во Албанија

Дејан Дејан

Фатен на камера како пали и бега – пријавен случај на подметнување пожар во Делчево

Дејан Дејан

Пожарите кај село Николиќ и меѓу селата Горњани и Блаце во Чучер Сандево сè уште активни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе