Македонија Топ вести

Од последици од Ковид-19 почина 58-годишна медицинска сестра од Берово

Почина 58 годишна медицинска сестра од Берово. Таа е и првиот здравствен работник кој ја изгуби битката со вирусот од Малешевскиот регион. Нејзиниот сопруг, инаку директор на Здравствениот дом во оваа туристичко градче е на болничко лекување во приватната  клиника „ Жан Митрев“. Според надлежните неговата состојба се подобрува. Инаку од пред два дена локалната власт повика на хуманост и граѓаните да донираат за болничкото лекување на двајцата познати здравствени работници во нивниот град, за кои беа потребни вкупно 24.000 евра.

-Нема ништо поскапоцено од човечкиот живот. Уште еднаш да ја покажеме нашата хуиманост и човечност, Звонко Пекевски градоначалник на Берово.

Во Берово  активни случаи на Ковид 19 се шест, 12 се во изолација со решение од инспекторатор, додека во Пехчево позитивни на вирусот се двајца, а шест лица се во изолација. Според епидемиолошката служба едно е дете, шестмина се на возраст од 20 до 69, а едно лице е над 70 години. Новите случаи во Малешевскиот регион се резултат на контактите за време на Илинденските празници.

Градоначалниците на Берово и на Делчево, двете поголеми општини во Малешевско-Пијанечкиот регион денеска апелираа да се почитуваат мерките за заштита, но посочија дека и она што се случува во кафулињата и угостителските објекти уште еднаш ја покажува и неодговорноста на поединци, кои наместо да придонесат да се смирува епидемијата, тие придонесуваат да се разгори. За утре најававена е седница на кризниот штаб во Берово, а во Делчево ќе се направи вонредна дезинфекција.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Тишината погласна од зборовите – тивок марш во Кочани во чест на жртвите во пожарот во дискотеката на смртта

Дејан Дејан

Таравари: Од понеделник очекуваме враќање на повеќе повредени кои се лекуваат од странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе