Ковид19 Македонија Најважни

19 пациенти и двајца вработени во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни на ковид-19

Во Психијатриската болница Демир Хисар во моментов има вкупно 296 пациенти. Од нив, по тестирањето на 58 пациенти, позитивни на ковид-19 се 19 пациенти од три одделенија, информираат за Телма од Министерството за здравство.
16 позитивни пациенти се регистрирани од едно одделение, а двајца пациенти се од друго одделно одделение и во трето одделение има еден случај на коронавирус.
Во однос на возрасната група на заболените, еден пациент е на 27 годишна возраст, а останатите пациенти се на возраст од над 55 години.
Според информацијата од Министерството за здравство од 19-те позитивни пациенти, еден пациент е починат на 73-годишна возраст во Градската општа болница „8 Септември“.  Овој случај е регистриран во редовната статистика на 3 август 2020 година.
Од психијатриската болница Демир Хисар посочуваат дека вчера беа земени уште 29 брисеви за тестирање на пациенти во одделението каде има двајца позитивни на коронавирус. Исто така, земен е брис и на вработен во одделението.
Во моментов, позитивни на ковид-19 од вработените се една медицинска сестра и еден физички работник од економија.
Од почетокот на пандемијата, Психијатриската болница Демир Хисат разработи протокол на функционирање во услови на ковид-19. Протоколот за прием на пациенти предвидува мерење на телесна температура, земање на епидемиолошка анамнеза, при секој прием пациентот мора да помине 14 дена во изолација во посебен објект во установата наменет само за тоа, информираат за Телма од министерството за здравство.
.
https://youtu.be/LQGigBjKWqU
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Тишината погласна од зборовите – тивок марш во Кочани во чест на жртвите во пожарот во дискотеката на смртта

Дејан Дејан

Таравари: Од понеделник очекуваме враќање на повеќе повредени кои се лекуваат од странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе