Македонија

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод 2 Август – Илинден

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитки по повод државниот празник 2 Август Илинден.

Иако оваа година не се обраќам од Мечкин Камен, потенцира Џафери, на овој начин на ви го честитам големиот празник 2 Август – Денот на Републиката.

Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот, истакнува претседателот на Собранието Џафери во честитката.

На граѓаните им посака убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, вели, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот Ковид-19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе