Се подготвува нова цена на струјата, откако пресметките беа пролонгирани поради вонредната состојба во која се наоѓаше државата. Од Регулаторната комисија за енергетика за Телма велат дека се подготвуваат финалните одлуки, по што за неколку дена ќе биде соопштена конечната цена.
Оттаму засега не прецизираат какви се барањата на енергетските компании, но според сознанијата на Телма, најверојатно корекцијата ќе оди во нагорна линија. Од Регулаторна комисија за енергетика посочуваат дека досега немаат добиено барање за кое се однесува за промени во делот на ефтината тарифа.
Паралелно со пресметките за струјата се прават и пресметки за цената на парното греење, за што не е исклучено да нема значителна корекција од постоечката цена.