Македонија Најважни

Граѓаните во голем број гласаат на третиот ден од парламентарните избори

Со заштитни маски, граѓаните од 7 часот во голем број излегоа на гласање. На избирачкото место 2640, што го посети нашата екипа, кое се наоѓа во училиштетото „ Петар Поп Арсов“ , во скопската населба Карпош 4, се почитуваа протоколите за заштита од Ковид-19. Се држеше дистанца на влезот на гласачкото место, се дезинфицираа рацете пред и по гласањето, а и членовите на избирачките одбори носеа заштитна опрема и седеа на растојание. Граѓаните очекуваат фер и демократски избори, но и просперитет во државата, решавање на повеќе комунално- урбанистички прашања, подобрување на економијата и вработувања за младите.

Според заменичката претседателка на избирачкиот одбор, Лидија Водјаник, на избирачкиот список имаат 850 гласачи,  до 07 и 20 часот , 13 граѓани го оствариле гласачкото право, а избичаркиот материјал и заштитната опрема ги добиле на време.

На 10 парламентарни избори , согласно можното пролонгирање на гласањето поради почитување на здравствените протоколи, ќе се гласа до 21 часот. На овие избори се гласа на 3480 гласачки места, а се избираат кандидати од 4 коалиции и 11 политички партии.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе