По долго боледување, денеска почина професор доктор Стојмен Михајловски. Професор Михајловски беше уставен судија во периодот од 1994 до 2003 година. Во периодот од 1966 до 1994 година беше научен советник и редовен професор на институтот за политичко – правни истражувања во Скопје, а во два и пол мандати беше и директор на институтот.
Учествувал и раководел со повеќе национални и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на правните и политичките науки.
Автор е на голем број самостојни научни трудови од областа на избирачкото право и политичкиот систем, а објавил и повеќе од 100 статии, и други прилози во домашни и странски научни и стручни списанија.
Одликуван е со орден заслуги за народ со сребрен венец и добитник е на плакета на универзитетот Свети Кирил и Методиј- Скопје.