Македонија

Жител на Дрма со секира тешко ја повредил сопругата – напаѓачот потоа бил пронајден мртов

На 09.07.2020 во 06.18 часот било пријавено дека во населба Дрма, Скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот.

П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во нас.Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе