Вести Македонија Најважни

Обвинение за поранешниот претседател на Врховен, Вангеловски

Поднесено е обвинение за поранешниот претседател на Врховен суд и разрешен судија Јово Ванѓеловски за Злоупотреба на службената положба. На сите судии им дал додаток на плата за месец ноември 2018, само на една судијка не. Ова го пишува во соопштението на обвинителството кое во обвинителниот предлог тврди дека на 30 ноември 2018 та година Ванѓеловски донел поединечни решенија со кои им го утврдува додатокот на платата. Тој според законот е 35 % од основната плата,  и им следува на судиите за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Според скопското обвинителство  свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839 денари за судијката која во конкретниот период не користела отсуство од работа.

Во меѓувреме тапка во место предистрагата на обвинителството за Ванѓеловски откако по неговото заминување од функцијата, неговиот наследник пронајде  предмети кои се чувале во фиока. Сомнежите беа дека намерно не се решавало по нив а оштетени биле странките. Но обвинителството и по половина година се уште нема епилог за ова.

Постапката во врска со старите предмети пронајдени во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд е во фаза на предистрага. Надлежен јавен обвинител достави барање за дополнителни податоци и појаснувања од Судскиот совет и од Врховнот суд, со оглед на тоа што доставениот извештај не ги содржеше сите релевантни факти од кривично правен аспект. Во Основното јавно обвинителство Скопје до овој момент не се пристигнати бараните податоци, соопштија од ОЈО Скопје

Инаку Ванѓеловски беше разрешен од функцијата лани во септември. Таквата одлука ја донесе судскиот совет поради приговор за одлуката на врховниот суд после која успеа да избега бизнисменот обвинет во случај на СЈО, Сеад Кочан. Освен Ванѓеловски беа разрешени уште двајца врховни судии. Но во меѓувреме во уставниот суд тече постапка за преиспитување на разрешувањето на судии меѓу кои е и Ванѓеловски, и се уште не е одлучувано по ова.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преку ден со сонце и топло, попладне нестабилно – Временска прогноза за 21.5.2024

Дејан Дејан

Иранскиот претседател Раиси загина во хелихоптерска несреќа

Дејан Дејан

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе