Вести Македонија

Коцарев: Mакедонско бугарскиот јазичен спор, не е спор, туку апсурд

Сите реакции на МАНУ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик во однос на ставовите на Бугарската академија на науките кулиминираа денес со промоцијата на четиритомното издание за македонскиот јазик.

  • Овие изданија и светската лингвистичка наука потврдуваат дека т.н спор македонско бугарски јазичен спор, всушност не е спор, туку апсурд. Зарем е можно во 21 век да се оспоруваат основни човекови права. При прогласувањето на македонскиот јазик за вештачки Бугарската академија на науки  се потпира на две бесмислени тврдења – сличноста со бугарскиот јазик и политичкиот карактер на македонскиот јазик, смета акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

  • Анахроно е и научно неосновано е да се тврди дека македонскиот јазик е  писмено регионална форма на бугарскиот јазик, дека е политички конструкт од 1945 и дека неговиот официјален назив во органите на ЕУ треба да гласи официјален јазик на Северна Македонија. Македонскиот јазик има свој особен развој, граматички и дијалектен систем, различен од бугарскиот. Блискоста меѓу јазиците не ги негира разликите кои постојат меѓу нив, вели академик Катица Ќулавкова. 

Дописниот член на МАНУ професорот Марковиќ со свој апел до политичарите.

Како што успеавме ние да се обединиме и да ги покажеме сите аргументи и научни факти поврзани со македонскиот јазик, не само во рамките на нашата земја, туку и во меѓународните проучувања и добивме потврда од меѓународната научна средина, верувам дека и политиката и политичките чинители ќе ги прифатат тие факти и ќе ги стават секогаш пред себе во сите премрежија што не очекуваат и во иднина, вели проф. д-р Марјан Марковиќ, дописен чен на МАНУ

Во кусата писмена порака претседателот Пендаровски го честиташе големиот заеднички потфат на сите институции  за  четиритимното издание, дело на над 60 лингвисти, потврда дека македонскиот јазик е непобитен историски и културен факт, што го верификуваа светската лингвистика и славистика.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе