Вести Македонија

ДКСК бара од Владата да го казни Филипче, бил на партиски настан со службено возило

Министерот за здравство Венко Филипче не смеел да го користи службеното возило за партиски цели и со него да замине на митинг во Штип па затоа Антикорупциска ќе бара од Владата да поведе постапка за негова одговорност.

Инаку, службениот автомобил на министерот Филипче, е сопственост на Агенцијата за разузнавање која  го има остапено на министерството за здравство. Од здравствго пак потврдија декја тој ден, министерот бил службено во Штип но сепак потоа се појавил на партиски настан и учествувал во презентација на програмата на коалицијата „Можеме“ заедно со претседателот на СДСМ Заев и генералниот секретар Николовски.

На денешната сзедница антикорупционери разгледуваа уште два приговори на опозициската ВМРО – ДПМНЕ кои не беа прифатени.

Во првиот случај станува збор за обраќање на престедателот на СДСМ Зоран Заев на браната Конско, еден од капителните проекти на Владата кој сеуште е  во изградба. За опозицијата е спорно министерството за земјоделство дозволиле негово обраќање.  Од министерството пак сметаат дека не го прекршиле изборниот законик бидејќи не се работи за старт на изгреадба или пуштање во употреба на објект финансиран од државни пари.
Антикорупционерите пак заклучија дека настанот се одржал во време кога на сила сеуште беше на сила вонредната состојба и дека станува збор за предвреме почната кампања.

Од ДИК соопштија дека казната која ја предвидува законот за предвремено водење на кампања е 8 илјади евра.

Третиот приговора се однесуваше на оглас распишан од  Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка на здруженија и фонадации за справување со КОВИД. Антикорупционерите не најдоа ништо спорно бидејќи парите ќе бидат доделени откако ќе завршат изборите.

Од Антикорупциска повторно апелираа до носителите на јавни функции кои учествуваат во изборните активност да направат прецизна граница меѓу државните и партиските активности и државните работи да не се користат во партиско промовирање.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе