Новак Ѓиковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на корона вирусот по второто тестирање направено во Белград.
Новак и Јелена не чувствуваат никакви тегоби и немаа симптоми и по враќањето од Хрватска, кога за првпат им беше земен брис.
Изминатите десет дена тие ги поминаа во самоизолација по препораките на докторите.
По Адриа турнирот, кој го организираше Ѓоковиќ, од Ковид – 19 се заразија бугарскиот тенисер Димитров, хрватскиот Ќориќ, Троицки од Србија, како и тренерот на Ѓоковиќ, некогашниот тенисер Горан Иванишевиќ.