Свет

Речиси осум милиони Бразилци од март се без работа поради пандемијата

Најмалку 7,8 милиони Бразилци во периодот март – мај ги загубиле своите работни места, покажуваат најновите податоци на државната статистичка служба, во која се вели дека стапката на вработеност кај работоспособното население опаднала под 50 проценти.

Бразилскиот Институт за географија и статистика ИГБЕ го објави својот квартален извештај во кој се прикажува рекорден број на луѓе кои ги загубиле работните места, од кои 5,8 милиони биле во неформалниот сектор, пренесува Си-Ен-Ен.

За првпат во серијата години на истражувања, стапката на вработеност е под 50 проценти, се вели во наодите на институтот.

На крајот на мај, вработеноста во формалниот и неформалниот сектор изнесува 49,5 проценти.

Откако собирањето податоци почна во 2012 година, тоа никогаш досега не се случило. Тоа значи дека работи помалку од половината од работоспособното население, додава Институтот.

Во Бразил, работоспособен се станува од 14-годишна возраст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

(Видео) Ирански дронови го нападнаа аеродромот во Кувајт – едно убиено лице, над 60 повредени

Igor Trajkov

Генерален 24 часовен штрајк ја парализира Португалија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе