Женската одбојкарска репрезентација на Македонија во меч од второто коло на Европското првенство до 19 години што се одржува во Скопје ќе се соочи со селекцијата на Словенија.
И покрај поразот во вчерашниот дуел со Финска, нашата селекција најави дека може да биде рамноправна со конкуренцијата иако за македонските репрезентативки ова прв предизвик на големата сцена.
Словенките во првото коло беа совладани од фаворитот Италија со 3:1 и во овој меч двете селекции посакуваат да ги освојат првите бодови на турнирот.
Натпреварот против Словенија се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 20 часот и 30 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.
Во првиот натпревар од 2. коло од 15:30 играат Италија и Полска, а од 18:00 часот ќе се соочат Грција и Финска.
ФОТО: Игор Паневски