Вести Економија Топ вести

Речиси 5.000 фирми згаснале за шест месеци, се очекува и други да стават клуч на врата

Речиси 5.000 фирми ставиле клуч на врата за шест месеци, покажуваат податоците од Централниот регистар. Најголем дел од нив се од трговијата, објекти за сместување, но и од преработувачката индустрија. Иако бројката е слична како и претходните години, од бизнисот предупредуваат дека годинава ќе биде поголема. Глобалната криза наместо да спласнува се засилува, неизвесноста е голема, поради што очекуваат во следните месеци и други компании да згаснат.

Не се оптимисти ниту дека  Владата ќе донесе некакви мерки. Велат буџетот е исцрпен уште со пандемијата. Парите наместо за помош, сега ќе се насочат за враќање на кредити со високи камати.

Првиот удар бизнисот го доживеја со пандемијата, а потоа проблемите се продлабочија со појавата на енергетската криза која драстично ги зголеми трошоците на фирмите, но и со разгорувањето на руско – украинскиот конфликт.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе