Вести Економија Топ вести

Работниците кои ги градат автопатите ќе работат како и сите други – 40 часа неделно

Уставниот суд го укина член12 од Законот за утврдување на тсратешки партнер со кој се предвидува работниците ангажирани од турско американскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за изградба на делниците од Коридорот 8 и Коридодорт 10 ќе може да работат во просек 60 часа неделно.

Уставените судии сметаат дека овој член е штетен за работниците и е во спротивност со Законот за работни односи и со Уставот.

„Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот,  како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека  е во  спротивност со членот 32 став 4 од Уставот“

Иницијативите за приспитување на уставноста и законитоста на спорниот член ја поднесоа „Гласен Текстилец“ и „ССМ“ кои денеска не го криеа задоволството од одлуката на Уставниот суд и извојуваната победа.

Во повеќе држави низ светот се воведува праксата за скратена работна недела од 36 часа а кај нас се газат постоечките закони со договор во 4 очи, сметаат од ССМ. Синдикатот нема ништо против ангажирање на странски фирми да работата во Македонија но додаваат дека имаме капацитети и треба да се ценат домашните капацитети и секако работниците.

Од ССМ велат дека е спорно и загрижувачки што овој закон во ваква форма, ги минал сите филтри во државата, односно Владата, премиерот и Собранието и додаваат дека планираат да прават контроли на терен за да не се злоуѕпотребуваат работниците.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе