Вести Економија Топ вести

Во земјава нема рецепционери, келнери, собарки, 5.000 работници од Турција ќе ги пополнат местата

Туристичкиот сектор го вклучи алармот. Ако не се најдат 20.000 работници половина ресторани и хотели ќе стават клуч на врата. Проблемот од недостаток на кадар за сега ќе биде ублажен со 5.000 работници од Турција. Тие се согласиле да работат во земјава како келнери, собарки, рецепционери за македонска плата до 600 евра. Но, од секторот бараат државата да најде начин овие луѓе побргу да добијат вработување, затоа што се неопходни.

Јас би ги донел уште утре, но државата треба да интервенира. Но, не е до нас, уште вечер ќе ги донесем тука и сите ќе тргнат на работа. Во моментов во Турција има криза, лирата е девалвирана и платите до 600 евра се интересни за да дојдат тука да работат, вели Аркан Керим, претседател на ТУК.

Недостатоците на пазарот на трудот се јавија откако оваа година, голем дел од македонските работници заминаа на работа во Хрватска, каде платите достигнуваат и до 2.000 евра. Но, македонските газди во моментов не можат да ги дадат овие плати, затоа што цените на услугите тука се далеку пониски.

Во Хрватска едно кафе е 15 евра, тука е 2 евра не може 2.000 евра да плаќаме плати со 2 евра кафе, не може стандардот да го смените. Се надеваме дека и ние ќе имаме за неколку години вакви плати. Една пица е 60 евра во Хрватска ние тука немаме таков комфор, додава Керим.

Дополнителен проблем во секторот се и високите фактури за струја. Затоа се прави обид до есен 100 до 150 објекти да постават фотоволтаици за да скусат на овие трошоци. Најголемиот удар секторот го доживеа со појавата на короната. Во тој период 100-на хотели или целосно затвориле, или се пренаменија во старски домови. Но, оптимизмот на туристичките работници се враќа. Годинава се очекува да се постигнат бројките од пред короната.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе