Ако ЕСМ не обезбеди 100 проценти од потребите на струја, земјава може да се соочи со недостаток од електирчна енегија.
Иако од Владата уверуваат дека не чека тешка зима , но без рестрикции, првиот човек на МЕПСО, Муртезани со апел до надлежните, да бидат подготвени сите капацитети и од домашно производство да се покријат потребите, затоа што овој пат нема да може да се влече струја од Европската мрежа за да се покријат недостатоците.
„Известени се сите релевантни страни дека ќе мора да се преземат чекори, затоа што балансната енергија нема да биде достапна за покривање на отстапувањата.И апелите од Европа се дека не чека тешка зима и ќе греба да се подготвиме, што значи тоа во однос на МЕПСО , тоа е дека европската заедница нема да има доволно енерегија за да се покријат отстапувањата, МЕПСО навремено ги извести сите страни: владата, РКЕ и другите компании дека ќе мора да се преземат чекори зошто балансната енергија нема да ни биде достапна, вели за Телма Орхан Муртезани, директор на АД МЕПСО.
Очекувањата се дека и во следниот период цената на струјата на берзите ќе руши рекорди.
Според Муртезани нема значи дека во најскоро време ќе има стабилизација. Домашните фирмите кои се на отворен пазар, за само два месеци имаат за над 40 отсто зголемен трошок за електрична енергија.
Стравуваат дека во следниот период тој ќе биде дуплиран. Бараат државата да најде начин барем да се скрати надоместокот кој овие фирми го плаќаат за пренос и дистрибуција.
„За август и септември ако сега букираме количини цената би се движела помеѓу 380 и 430 евра за мегават час или киловат би чинел околу 25 денари без трошоците за пренос и диструбуција кон Мепсо и ЕСМ. Државата мора да најде начин да се намали товарот на големите компании. Не може да влијае на цената на берзите но може да се интервенира кај трошоците кон ЕСМ и Мепсо, може тука да се изменат, да се даде некое олеснување на краток или среден рок и тоа да се искористи за покривање на други повисоки трошоци“, вели за Телма Петар Јаневски , директор во Макстил
За над 40 отсто поскапе струјата и за малите бизниси, кои се трудат да не стават клуч на врата.
Пред извесно време државата го задолжи ЕСМ да најде начин за целосно да ги покрие потребите од струја, за да нема потреба од увоз. Од државните електрани пак се изјаснија дека се прават напори за да ги обезбедат количините.
Ирена Чачкова
