Вести Економија Топ вести

Вкупно 3 фирми досега добија забрана за тргување со струја

Уште еден трговец со струја исклучен од регистарот и нема да може да продава електирчна енергија на слободен пазар, велат за Телма од Мепсо. Покрај „У Пауер“, компанијата каде еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери и Мист Енерџи, сега од регистарот исклучена и „Енергија Гас и Пауер“. Тие за да не купуваат струја по далеку повисока цена на отворен пазар, ја користеа балансната на МЕПСО, која пак ја позајмуваше од Европскиот енергетски систем и се доведе во ситуација да биде предупреден дека може да сноси санкции и да плаќа пенали.

Инаку вкупно пет трговци со струја ѝ должат на МЕПСО речиси 19 милиони евра. „У Пауер“, како што претходни објави Телма, должи 7,6 милиони евра. За подмирување на долгот, МЕПСО ја активираше банкарската гаранција која е речиси 600 илјади евра, износ далеку помал од долгот. И гаранцијата на „Мист Енерџи“ е нешто над 20 илјади евра, но колкав е долгот на фирмата, нема податок. И покрај ваквите гаранции, од МЕПСО веќе неколку пати посочија дека ќе ги наплатат долговите. Дел од експертската јавност пак смета дека мора да се направа корекција во правилниците и повеќе на трговците со струја, да не им се дозволува со мали гаранции да прават милионски долгови кон МЕПСО.

Треба да се бара да се надополни гаранцијата  да се реагира или во спротивно да не се дозволи тргување. Во сите нормални држави е така. А кај нас има фирми со милионски долгови. Како е дозволено да се направи тоа? Мора да има контроли, трговците да можат да тргуваат колку што е висината на гаранцијата. Голем проблем е што не се  вршат дневни контроли за исполнување на банкарските гаранции, како што е во Србија, Бугарија, туку фактурите за повеќе преземената енергија од системот ја добиваат после 45 дена, вели за Телма Сања Божиновска, консултант по енергетика.

Од МЕПСО тврдат дека определените висини на банкарските гаранции од трговците во целост ги покривале фактурите за надомест на дебалансите во периодот пред појавата не енергетската криза.

Од регуалторна пак пред извесно време соопштија дека веќе се бара решение, за некој да биде регистриран како трговец или снабдувач со струја да мора да достави повисока банкарска гаранција, а притоа да не му се зголеми продажната цена на струјата.

Според извештајот на РКЕ, нешто над 90 милиони евра е штетата од ланскиот дисбаланс на системот за електрична енергија, кој го направија вкупно 24 трговци со струја.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе