Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека по само неколку месеци од почетокот на „Отворен Балкан“ веќе имаме зналчително зголемување на трговската размена меѓу Србија, Македонија и Албанија. Вели дека има уште многу области кон кои може да придонесе иницијативата, особено во овие неизвесни времиња.
Јас дојдов и со нови идеи, имајќи ја во предвид тешката зима која ги очекува сите наши народи и сите наши земји овде во регионот, да се обидеме и да се договориме, како да се обврземе, и како да го направиме најдобриот можен план едни на други да си помогнеме во текот на зимата. Значи, што се однесува до храната, што се однесува и до билансирањето и балансирањето на електричната енергија, и што се однесува до гасот, и како во иднина да направиме еден заеднички центар за гас, за да можеме да го извезуваме во целиот регион во доволни количини. Во исто време, мораме да видиме како, и на кој начин, во иднина заеднички да градиме постројки, посебни ревизрибилни електрани. На тоа можеме да работиме и во Србија и во Северна Македонија, не знам каква е ситуациајта со Албанија, но знам дека и едните и другите имаме потреба, и Белград и Скопје имаме потреба од тоа, вели Вучиќ.
Според него иницијативата останува отворена за нови членки кои ќе изразат желба да и се приклучат.
