Вести Економија

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.

Со одлуката на РКЕ не се менува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и таа и понатаму ќе изнесува 54,64 денари за килограм.

Како причина за зголемените малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референти цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,497 отсто и кај дизелот за 1,882 отсто, како и за 0,105 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе