Извршниот директор на холдинг-компанијата за финансиски услуги „ЏП Морган Чејс“, Џејми Димон, предвидува економски ураган предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на американските Федерални резерви, пишува Си-ен-ен.
Со метеоролошки речник ја објасни иднината на која треба да се подготвиме.
„Во моментот е повремено сончево, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните резерви можат да го поднесат тоа. Сепак, ураган е на повидок и доаѓа кон нас. Не знаеме дали се работи за помала или супербура. Подобро подгответе се“, рече Димон.
Тој додаде дека „ЏП Морган Чејс“ се подготвува за лоши резултати.
