Цената на 95 ката се зголемува за 9 денари и литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на 98-цата ќе се зголеми за 9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.
Оваа корекција регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

Најавите за ваквото зголемување ги наполни бензиските. Во редици граѓаните чекаа да наточат гориво пред утрешниот скок на цената.
- Тоа е тоа не зависи од нас тоа, колку е толку е ако сакаме да возиме мора.
- Нормално тоа е светска цена на берза
- За наши стандарди е превисоко,
- Дојдов поради поскапувањето , цените се и онака високо најавија за околу 10 денари тоа е удар…
Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе се зголеми, но од друга страна ќе се полни буџетот.
Од опоцизијата пак предложија , со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на годинава да биде 5 отсто.
Како превенција од раст на цените на горивата, на почетокот на март Владата одлучи ДДВ за течни горива да го намали од 18 на 10 отсто , надолна корекција имаше и кај акцизата.
Инаку , сериозни скокови кај цените на горивата беа евидентирани на почеткот на годинава како последица од разгорувањето на руско украинскито конфликт. Според прогнозите ниту годинава не се очекув некоја стабилизација.
Ирена Чачкова
