Македонија

Скромна прослава на празникот на заштитничката на рударите во Македонска Каменица

Во рударските градови на истокот денеска нема врвулица од луѓе во црквите и на улиците.

Празникот Голема Богородица, која е и заштитничка на рударите поради коронакризата  се слави скромно и по домовите, но и во самите рудници.

59-годишниот Панче Георгиевски кој лани заминал во пензија, 22 години бил вистински рудар во јамите на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица.

Смета дека според стандардот платите, но и пензиите на рударите не се високи, како порано, а да се работи под земја нормално дека е тешко.

Вековна е  традиција на рударење во овој крај, жителите сметаат дека рудникот дава живот и егизистенција на Македонска Каменица, оние кои не можеле да се вработат во него, си заминале во странство.

Просечната плата во рударскиот сектор е 600 евра, во рудниците Саса, Бучим, Злетово и Тораница работат 3.000 рудари, додека во неметали и преработка на рудата 13.000 работници.

Претседателот на Македонска Асоцијација за рударство, Николајчо Николов за Телма вели дека и покрај пандемијата, позитивно работат рудниците, додека останатите од секторот неметали зависат од градежниот сектор.

Во индустриското производство учествуваат со околу 10%, додека во БДП со 1 процент.

Рударите годинава своите награди и признанија ги добија во кругот на рудниците, без големи прослави за Денот на рударите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе