Новиот тарифник за пресметување на потрошувачката на струја, кој вчера го најави регулаторна ќе им предизвика главоболки на домаќинствата. Експерската јавност предупредува, надлежните многу да внимаваат при утврдување на границите на потрошените киловат часови, за да не бидат погодени оние кои тешко ги плаќаат сметките за струја. Велат дека пред да стапи на сила, населението треба да биде запознаено со деталите, а не одеднаш на граѓаните да им се сервира правилник по кој ќе им се пресметува потрошената струја.
Очекуваме да добиеме јасна методолгија како ќе се пресметуваат најавените категории , затоа што голем дел од населението не ги разбираат инсталираните струјомери и нема да знае никој да ги отчитува и да пресметува колку потрошил, и по која цена ќе биде фактурира. Мора да се знае однапред што ги чека и како ќе се одрази тоа врз нивниот буџет, вели за Телма, Сања Божиновска, консултант по енергетика.
Според универзитетскиот професор Димитров, овој тарифник ќе создаде многу проблеми, кои за жал ќе ги видиме кога ќе стапи на сила. Може да се случи во голем потрошувач да влезе повеќечлено семејство кое живее во ист дом и е без високи примања.
Товарот на државата на некој начин делумно ќе се префрли врз оние кои трошат повеќе со претпоставка дека имаат повеќе. Се поставува прашањето зошто ние трошиме многу, во мојот стан сме 10 луѓе, зошто немаме пари да живеемe во три куќи. Како тоа ќе го пресметаат кога на едно броило има многу луѓе, три фамилии живеат во еден стан и ќе бидат казнети затоа што се сиромашни, вели универзитетскиот професор Констатин Димитров.
Од регулаторна вчера известија дека со новиот тарифник ќе биде опфатена потрошувачката во скапа тарифа. Планот е да има три до четити тарифни модели, но сѐ уште не е утврдена границата над колку потрошени киловат часови на граѓаните ќе им се наплаќа повеќе. Од РКЕ очекуваат со тарифникот граѓаните паметно да ја трошат струјата, затоа што 17 домаќинства во земјава трошат 30 % од хидропроизводството.
Ваков тарифник веќе има во Србија и Косово. Но се подготвува и во Албанија.
Ирена Чачкова
