Вести Економија Македонија Топ вести

Во јули ќе се знае новата цена за електрична енергија

Од јули цената на струјата во висока тарифа ќе зависи од потрошувачката. Се подготвува нов тарифник за електрична енергија кој се очекува до тогаш да биде готов. Планот е да има 3 до 4 тарифни блокови по примерот на земјите од регионот. Но, се уште не е утврдена границата над колку потрошени киловат часови електрична енергија на граѓаните ќе им се наплаќа повеќе. Она што се знае  е дека евтината струја ќе се пресметува како и до сега.  На оние пак кои ќе трошат многу ќе им се калкулира по пазарна цена.

Ако имате 300 киловат часови потошувачка, а првиот блок 250 тие ќе бидат во првиот блок а остатокот од 50 во вториoт блок, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Во меѓувреме се крои и новата цена на струјата. Освен ЕВН ХОУМ и Електродистрибуција,  пресметки до РКЕ доставиле и од Мемо. Се чека тоа да го направи Мепсо.  Во која насока ќе се движи новата цена се уште не може да се каже но Бислимовски уверува дека долгот кои го имаат фирмите трговци со струја кон  МЕПСО од 19 милиони евра регулаторна нема да го признае  како трошок.

Она што е сигурно и се знае дека електродистрибуција ја зварила годинава со 40 милиони евра загуба и ЕВН ХОУМ со 25 до 30 милиони евра загуба кога ќе добеме податок за мепсо, додава Бислимовски

Сепак  каква ќе биде цената за домаќинствта најмногу ќе зависи каква цена ќе понуди ЕСМ.

Во следните две години не се очекува стабилизација на  цената наструјата, На светските берзи таа нема да падне по 200 евра за магват. Новата цена на струјата ќе се знае во јуни, а ќе важи од први јули.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе