Вести Економија Топ вести

Пет компании ѝ должат 19 милиони евра на МЕПСО – покрај У Повер и МИСТЕНЕРЏИ на пат да биде избришана од регистарот

Уште еден трговец со струја ќе биде исклучен од регистарот и нема да смее да продава  електрична енергија на слободниот пазар, дознава Телма. Покрај У Повер компанијата каде еден од сопствениците е синот на поранешнит вицепремир Муса Џафери, сега исклучување од регистарот, извршител и  судска постапка и се заканува и на компанијата Мист енерџи поради неплатени долгови кон МЕПСО. Тие за да не купуваат пет пати поскапа струја на странските  берзи,  ја користеа балансната на МЕПСО кој пак ја позајмуваше од Европскиот енергетски систем и беше предупреден дека ќе им санкции и ќе плаќа пенали. Потоа цехот се плаќаше со пари од буџетот, откако се прогласи кризна состојба на пазарот со струја.

За МИСТЕНЕРЏИ е отпочната постапка за раскинување на договорот за балансна одговорност и суспендирање од пазарот на електрична енергија, по што ќе следи и судска постапка за наплата на заостанатите долгови, велат од МЕПСО.

Инаку вкупно пет трговци со струја и должат на државната МЕПСО 18,8 милиони евра. Три од петте компании го плаќаат долгот на рати, но двете оти не ги плаќале ратите ќе завршата на суд.  У Повер, како што објави Телма должи 7,6 милиони евра и повеќе не смее да тргува со струја оти е избришана  од регистарот на учесници на пазарот со електрична енергија. Мепсо ја активираше и банкараската гаранција  од 587.000 евра  и депозитот од над 41.000 евра, но бидејќи тие не се доволни,парите ќе се бараат преку извршител и на суд. Колку пак е вкупниот долг на Мистенерџи нема податок. Но, иако трговците фактурите за струјата ги наплатуваа од компаниите нивни клиенти-  и не го плаќаа долгот кон МЕПСО, од државната компанија уверуваат дека ќе си ги наплатат парите од нив.

Повлечената електрична енергија ќе биде платена од страна на балансно одговорните страни, соопштуваат од МЕПСО.

 Инаку речиси 93 милиони евра е штетата од ланскиот дисбаланс на системот со електрична енергија кој го направија вкупно 24 трговци со струја на  слободниот пазар- покажа годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика.

А податоците на МЕПСО покажуваат дека повлекувањето на струја од европската интрконекција не престанало ниту годинава. Во јануари се повлечени над 16.000 MWh, февруари нешто над 2.000, а во март речиси 8.000 MWh струја.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе