Вести Економија Македонија Топ вести

Инфлацијата расте – џебовите на граѓаните се попразни

Цените на храната галопирачки растат – џебот на граѓаните се поплиток. Потврда стигна и од Државниот завод за статистика – регистрираше двоцифрена стапка на инфлација во април. Така трошоците на живот во претходниот месец споредено  со април лани пораснале за 10,5 %, а цените на мало  за 11.1 %. Статистички- речиси и да нема производи кај кои нема раст на цените.

Експертите порачуваат  итно треба да се донесе антиинфлаторна програма. Таква имавме во деведесетите години по осамостојувањето  кога последно земјава се бореше со висока инфлација.

Според Пејковски сите анкети покажуваат дека очекувањата се дека инфлацијата ќе расте.  Вели мора да се стегне ременот.

Граѓаните  револтирани- велат-цените секојдневно растат. Се жалат дека со ниски плати и пензии- тешко се преживува.

Податоците на статистика покажуваат дека во април во споредба со претходниот месец, трошоците на живот се зголемиле за 2,2 проценти, додека цените на мало за 2.  Само за еден месец најголем раст е забележан  кај маслото и маснотите и тоа од 20,2 проценти и кај свежиот зеленчук за 12,9. Споредено пак април со април лани- храната поскапела за 15, лебот и житариците за  над 17 месото за над 10, маслото и мастите за речиси 32, а транспортот за речиси 22 проценти.

Александра Филиповска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе