Вести Економија Топ вести

Општините ги кратат буџетите поради високите сметки за струја

Почнаа ребалансите на буџетите на општините. Се кратат парите за реконструкции и изградба на улици и тротоари за да се платат високите сметки за струја. Прва општина од истокот која го направи е Кочани. Советниците изгласаат ребаланс, со кој предвидоа дополнителни 13,5 милиони денари, но донесоа и одлука за ново јавно претпријатие што ќе се грижи за уличното осветлување.

Со корекциите во овие програми и со формирањето на претпријатието за јавно осветлување, заштедите ќе бидат наменети за проекти коишто ги бараат советниците. Со цел да се зголеми фондот за инфраструктурни проекти, Советот изгласа средствата од ставката за привремени вработувања да се наменат за изградба на улици и патишта, велат од општина Кочани

Енергетската криза им зададе тежок удар пред се на комуналните претпријатија. Од здружението АДКОМ се уште го чекаат одговорот од Владата, до која испорачаа барања за полесно да ја пребродат кризата.Враќање во повластената тарифа како граѓаните, но и  поедноставни процедури за трансфрмација на градежно земјиште за соларни централи. Велат има решенија, но никој од надлежните не сака да ги слушне.

Се уште нема официјална анализа за долговите на општините и комуналните претпријатија. Највисоката сума за струја ја плаќа штипски Исар, за три месеци долгот им е 600.000 евра.

Проблемот со сметките за струја е сериозен иако нема јавно објавена анализа за вкупните обврски на општините и комуналните претпријатија во државата. Една од највисоките суми треба да ја плати штипски Исар, за три месеци 600.000 евра, што е околу два и пол пати од нивните вкупни месечни приходи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе