Почна изградбата на гасниот терминал во Александрополис. Во него ќе се складира течен гас кој со преработка ќе се испорачува во околните земји. На официјалната церемонија присуствиваа сите премиери од Балканот и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Сите беа согласни дека овој проект, ќе обезбеди непречено снабдување на Европа и регинот со гас, но и ќе ја намали зависноста од Русија.
-Со неговото завршување наскоро ќе можеме да се ослободиме од гасот што доаѓа од руски извори и дека нашите земји преземаат заедничка улога на новата енергетска карта, рече премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.
-Ќе ја промениме енергетската мапа на Европа. Балканот е регионот со 65 милиони луѓе и ние можеме да направиме многу повеќе, рече премиерот на Бугарија Кирил Петков.
-ќе ја поттикнеме енергетската инфраструктура и ќе се редуцира зависноста од руски гас, што ќе не направи посилни и посигурни. Освен што ќе помогне за енергетска сигурност на Европа, ќе помогне и за климатските промени, рече Шарл Мишел, претседател на Европски совет,
Проценките се дека ќе биде готов за помалку од 20 месеци. Ќе чини околу 400 милиони евра. Земјава учествува со 10 отсто или со околу 40 милиони евра. Пемиерот Ковачевски кој беше заедно со својот економски тим, рече дека овој проект е од исклучителна важност за целиот регион.
ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енерегтиката и станува збор за проект за долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Паралено Македонија гради и интерконектор за природен гас кон Грција преку кој овој енергенс од таму ќе се испорачува тука. Вкупната инвестриција од наша страна е околу 60 милиони евра. Се очекува неговата изградба да почне кон крајот на годинава. Дел од проектот ќе биде финансиран и со пари од ЕБОР. Преку овој интерконектор земјава непречно треба да добива гас од Азербејџан, но и течен гас од САД и други држави.
Ирена Чачкова
