Според енергетскиот експерт Васко Начев, несериозно е да се размислува за опција со која Бугарија треба да го прекине транзитот преку турскиот поток кон Србија и Унгарија, пишуваат бугарските медиуми.
Начев е дециден дека Бугарија може да поднесе тужба до меѓународната арбитража за прекин на испораката на гас и дека би го добила случајот. Тој смета дека оваа одлука на Газпром има „политичка конотација и е обид за сопнување на власта во Бугарија“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
