Вести Економија

Дизелот поскапува за два денара по литар, цените на другите горива остануваат исти

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 84,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95  и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Иста останува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која изнесува 51,599 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на дизелот од РКЕ ја посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар кај дизелот во просек за 0,807 отсто, како и намалената кај бензинот за 0,086 отсто и за 0,065 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе