Вести Економија

Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и САД

Mожноста за продлабочување на економската соработка меѓу Северна  Македонија и Соединетите Американски Држави и енергетската криза беа дел од темите за кои станало збор на средбата што во Вашингтон се одржа меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ескобар, како што соопшти Министерството за финансии, ја потврдил политичката поддршка од страна на САД за земјата, како и силната агенда за земјите од Западен Балкан.

– Заложбите на САД целиот регион да се интегрира во ЕУ се видливи и недвосмислени. Економската интеграција на целиот регион е значајна и за ЕУ и за Западен Балкан, и иницијативата Отворен Балкан има значаен потенцијал да даде резултати во регионалната соработка, истакнал Ескобар.

Покрај политичката поддршка од САД, иницирана е и економска и бизнис соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласиле дека постои огромен потенцијал за американски инвестиции во земјава, особено што од 2020 година Северна Македонија е сојузник со САД во НАТО.

– На заедничка согласност и задоволство, иницијативата за бизнис соработка и реализација на инвестиции ќе претставува идна активност преточена во план и агенда во билатералната соработка на САД и РС Македонија, велат од Министерството за финансии.

Средбата е одржана во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка на кои присуствува министерот за финансии Фатмир Бесими.

На средбата е упатена и благодарност до земјава за тоа што како НАТО сојузник се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе