Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов на последниот натпревар во дресот на полскиот прволигаш Пјаст ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да паузира најмалку шест месеци.
Веста за тешката повреда Костадинов ја потврди за порталот Екипа и во следниве денови се очекува да замине на операција за да ја санира тешката повреда.
Поради долгиот период на рехабилитација Костадинов нема да биде во комбинација за претстојните дуели во Лигата на нации против Бугарија, Гибралтар и Грузија и се очекува на терените да се врати дури на почетокот од следната сезона.
ФОТО: Игор Паневски
