Вести Економија Топ вести

Функционерите за малку ќе се откажат од комфорот во трошењето на народните пари – но од платите не – за да не го прекршеле законот

Владата донесе антикризни мерки – ги задолжи институциите помалку да тошат. Но функционерите сепак нема да се фатат за сопствениот џеб. Не можеле да си ги намалат платите оти ќе го прекршеле Законот за работни односи. Прашан зошто со мерките не се намалија платите на функционерите на минималец за да се солидаризираат со бизнисот и граѓаните од кои побараа солидарност – премиерот Ковачевски одговори дека таква одлука морало да се носи претпазливо.

Ние донесовме мерки за ограничувања, но има и други ограничувања кои што зависат од Законот за работни односи, и тоа треба да се направи претпазливо бидејќи знаете дека неколку пати имаше такви обиди. Сепак, треба да се почитуваат сите закони при носењето на мерките, вели премиерот Ковачевски.

Со владината одлука министрите и директорите ќе треба за малку да се откажат од конфорот кој го имаат во трошењето на парите на граѓаните. Па така ќе мора да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти. Или – од  327 милиони евра во буџетот кои с епланирани да се потрошат за стоки и услуги-  сите институции заедно ќе треба да се откажат од вкупно 32,7 милиони евра. Нема да смеат да  набавуваат мебел и возила без согласност од владата. За мебел годинава се планирани 1,8 милиони евра, а за возила 5,4. Ќе треба да трошат за 50 проценти помалку за репрезентација, спонзорства и реклами, како и помалку да ги користат службените возила, а ќе треба да го намалат и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство. Во спорната ставка за експертите за договорни услуги  за годинава се планирани да се потрошат вкупно 116 милиони евра. Кога се ќе се собере излегува дека од 4,4 милијарди евра колку што  треба да се потрошат годинава- владата планира да заштеди околу 100 милиони евра. Но, само ако ги стегне во трошењето функционерите. Ковачевски уверува дека ќе има контрола и санкции за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ секој ден пак ги брои парите од  тендерите кои власта ги троши непотребни работи. Обвинуваат дека во последните 5 месеци од кога знаеле дека доаѓа криза, потрошиле 2 милиони евра за луксуз. Телефонски услуги во Собранието, режано цвеќе во СОЗР, 1.700 кафиња на ден цела година набавени од СОЗР, златни лажици и вилушки и многу други работи

Само министерството за политички систем раководено од Артан Груби за овие месеци од кога знаеле дека ќе дојде до криза потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери. Додека власта бара народот да штеди, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор  за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари, а Собранието планира да набавува услуги за мобилни телефони во висина од 11.800.000 денари и сето тоа го плаќаат со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски најави дека  ќе штеди и на советници – ќе има нови 12 експерти од кои 9 домашни и двајца Германци. Имињата и сумите ќе бидат објавени до крајот на неделата.

Од друга страна пак нема одговори од Владата колку пари ги чинат граѓаните – советниците и хонорарците ангажирани по министерските и директорските кабинети. Медиумите изминатиот период објавија дека десетици илјади евра се плаќани за хонорари на естрадни уметници, јавни личности, последен беше примерот со несудената конзулка Бесмира Ејупи каде покрај за неа- хонорари од државни институции биле исплаќани и на членови на нејзиното потесно семејство.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе